Путин им го честита Божиќ на православните христијани!
Рускиот претседател Владимир Путин им го честита Божиќ на сите православни христијани од селото Отрадноје, близу Вороњежа, на југот од Русија, каде присуствувал на божиќната литургија во локалната црква.
Малата црква посветека на Света Богородица во селото Отрадноје, е градена помеѓу 1893 и 1901 година, а за време на литургијата била полна.
Рускиот претседател ја искористил оваа прилика лично да му се заблагодари на свештеникот на храмот Генадиј Зариџе кој му помогнал во неговата обнова и основање на сиропиталиште со кое раководи црквата.
Храмот на Света Богородица, инаку , во советскиот период во текот на шест децеии бил затворен, односно е користен како складиште на жито.
Слично
