Путин им ги „скрати“ празниците на членовите на Владата
Членовите на руската влада нема да имаат долги новогодишни празници, изјавил денеска рускиот претседател Владимир Путин додавајќи дека во моментов тие не може да си ги приуштат.
„Наскоро почнуваат празниците и ќе траат долго време, луѓето треба да се одморат, имавме долг и заморен есенско – зимски период и на луѓето навистина им се потребни овие празници. Сепак, не можеме да приуштиме толку долго празнување и во Владата, барем не оваа година“, истакнал Путин на состанокот со членовите на владата.
Путин позитивно ја оценил работата на членовите на владиниот состав во изминатата година и изразил надеж дека таквиот тренд ќе продолжи и во иднина.
Рускиот претседател на своите колеги им посакал среќна Нова година и им се заблагодарил на заедничката работа, пренесува агенцијата „Тасс“.
Слично
