Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин и Трамп разговарале час и половина, главна тема била кризата околу Иран

Путин и Трамп разговарале час и половина, главна тема била кризата околу Иран

Претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, оствариле телефонски разговор, соопштил советникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков.

Според информациите што ги пренесуваат руските медиуми, разговорот бил инициран од Москва и траел околу час и половина. Во фокусот биле случувањата поврзани со Иран и состојбата во Персискиот Залив.

Ушаков изјавил дека Путин остро го осудил обидот за атентат врз американскиот претседател и му изразил поддршка на Трамп.

Во разговорот биле разгледани и дипломатските контакти што Русија ги одржува со повеќе страни вклучени во кризата.

„Русија продолжува со активни контакти со Иран, земјите од Персискиот Залив, Израел и САД“, навел Ушаков.

Според него, ставот на Путин е дека продолжувањето на прекинот на огнот може да придонесе за смирување на тензиите и стабилизација на состојбата во регионот.


Слично

Поврзани вести