Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин и Трамп разговараа за Украина, Иран и самитот на НАТО

Путин и Трамп разговараа за Украина, Иран и самитот на НАТО

Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп разговарале телефонски за војната во Украина, ситуацијата околу Иран и претстојниот самит на НАТО во Турција, соопшти помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков.

Разговорот, одржан на иницијатива на Трамп, траел еден час и 25 минути. Ушаков го оцени како деловен и конструктивен, нагласувајќи дека ова е четврта комуникација меѓу двајцата лидери од почетокот на годината.

Путин на почетокот му го честитал на Трамп американскиот национален празник, по што разговорот се насочил кон актуелните меѓународни прашања. Посебно внимание било посветено на Украина, каде што рускиот претседател, според Ушаков, го информирал Трамп за состојбата на фронтот и тврдел дека руските сили напредуваат долж линијата на контакт.

Од Москва повториле дека решението го гледаат преку политички и дипломатски процес, но со почитување на, како што велат, принципиелните позиции на Русија.

Трамп, според руската страна, ја потврдил подготвеноста да помогне во запирање на борбите и во барање мирно решение. Во тој процес, како дел од американските дипломатски напори, повторно се споменуваат специјалниот пратеник Стив Виткоф и Џаред Кушнер.

Разговорот доаѓа непосредно пред самитот на НАТО во Анкара, каде што војната во Украина се очекува да биде една од главните теми.


Слично

Поврзани вести