Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин и Обама заедно против ИСИС

Путин и Обама заедно против ИСИС
Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека се подготвени да соработуваат со САД во борбата против ИСИС во Сирија.

Директорот на "Одделот за прашањата на новите предизвици и закани" на Министерството за надворешни работи, Илја Рогачев,  изјави дека на ред е САД да почни дијалог.

"Ние им кажавме дека се е во нивни раце. Ако сакате да контактирате со нас, тогаш ние не ја затвораме вратата за дијалог. Но, очекуваме фер соработка на принцип "двонасочна улица”, соработка која ќе ги земе нашите интереси во предвид.”

Овие ,,интереси” не беа прецизирани, но политиките на двете земји се различно поставени. Русија тврди дека сирискиот режим на Башар Асад треба да биде дел од меѓународните напори за борба против ИСИС, додека САД и Велика Британија веруваат дека и тоа е дел од проблемот.

Слично

Поврзани вести