Путин и нуди помош на Нигерија
Претседателот на Русија Владимир Путин и понуди помош на Нигерија после терористичкиот напад во џамијата каде настрадале преку стотина лица.
Како што пренесуваат руските агенции, Путин на претседателот на Нигерија му изразил сочуство и му понудил помош, нарекувајќи ги бомбашките напади терористички акти.
„Нарачателите и извршителите на ваков злочин мора да бидат казнени“, рекол Путин.
Во петокот повеќе од 120 лица загинале, а околу 270 се повредени во бобашкиот напад на најголемата џамија во нигерискиот град Кано.
Слично
