Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин и Лукашенко разговараа за заеднички одговор на забраната на Литванија

Путин и Лукашенко разговараа за заеднички одговор на забраната на Литванија

Рускиот претседател Владимир Путин и белорускиот претседател Александар Лукашенко разговарале за можни заеднички мерки како одговор на забраната на Литванија за испораки на стоки во Калининград, пишува Си-Ен-Ен.

- Акцентот беше ставен на ситуацијата во врска со незаконските ограничувања наметнати од Литванија за транзит на стоки во регионот Калининград. Во овој контекст се разговараше за некои можни заеднички чекори - наведува овој медиум.

Во јуни, литванските власти го забранија преминувањето на стоки што подлежат на санкции на ЕУ преку нејзината територија во Калининград, руската ексклава во Европа.

Москва ја осуди одлуката и предупреди дека може да следат одмазднички чекори.

Литванија претходно објави дека ги прошири трговските ограничувања на својата територија кон руската балтичка енклава Калининград, бидејќи стапија на сила санкциите што претходно ЕУ ги воведе кон Москва.

Дополнителните стоки што се забранети од утринава вклучуваат бетон, дрво, алкохол и индустриски хемикалии на база на алкохол, изјави портпаролот на литванската царина.

Слично

Поврзани вести