Путин и Ердоган за енергетската соработка
Претседателот на Русија Владимир Путин и новоизбраниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган разговраа за покренувањето на заедничкиот проект во енергетскиот сектор, соопштено е од Информативната служба на Кремљ.
Путин и Ердоган вчера разговарале телефонски на иницијатива на турскиот претседател. Двајцата разговарале за важни билатерални прашања, а посебно за покренување на заеднички проект во енергетскиот сектор, се наведува во соопштението.
Во соопштението се истакнува дека Путин и Ердоган се согласиле дека со заедничките интереси е важно да се продлабочи руско-турската соработка во различни области.
Слично
