Путин и Ердоган разговараа за „концептуални“ прашања за „Турски поток“
За време на состанокот во рамките на форумот на Г-20 во неделата во Анталија рускиот претседател Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Ердоган разговарале за развојот на „Турски поток“, објавија руски медиуми. Министерот за енергија на Русија, Александар Новак коментирал дека преговорите за проектот ќе продолжат по формирањето на новата турска влада.
На прашање дали има рок за потпишување на договор за изградба на гасоводот сепак Новак бил категоричен дека во текот на средбата на двајцата шефови на државите биле дискутирани само „заеднички, концептуални прашања“. „Сите разбираат дека во однос на роковите - колку побрзо, толку подобро“, додал уште рускиот министер за енергија.
Почетокот на изградбата на „Турски поток“ се одолговлекува веќе неколку месеци, откако Анкара и Москва не успеваат да најдат компромис за намалувањата на цената на природниот гас, кој Турција го добива од „Гаспром“. Во октомври Новак коментирал дека отстапките ќе зависат од количествата гас кои земјата го добива, како и од развојот на заедничките енергетски проекти. Во меѓувреме пак Турција поднесе тужба за арбитража против високите цени на бензинот.
На овие несогласувања се повеќе очигледни се и ставовите дека „Турски поток“ ќе биде исполнет само со две цевки, а не како што се очекуваше претходно во текот на годината - со четири. Прогнозата на турските власти е дека објектот ќе проработи најрано во 2021 година, иако желбата на Москва е тоа да се случи до 2019 година, кога истекуваат договорите за транзит со Украина.
Има и опција за реализација и на „Турски поток“ и на „Јужен поток“ (со по две цевки), се коментира во енергетските средини.
