Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин гради нова империја за руските компании

Путин гради нова империја за руските компании

Според статистичките податоци Египет ја надмина Кина како најголем купувач на руски производи. Во 2017 година, Египет увезе руски стоки во вредност од скоро 1,8 милијарди долари, што е за 44 отсто повеќе од претходната година.

Оваа земја е најголемиот купувач на пченица во светот поради високата потрошувачка на леб. Купува пченица од Русија, Украина, Франција и САД.

Русија неодамна ја зголеми вредноста на договорот за извоз на пченица поради рекордната жетва, а Египет е еден од нивните најголемите купувачи. Извозот на пченица во Египет во просек изнесувал од 4 до 5 милиони тони годишно, а веќе се очекува да достигне и до шест милиони тони. 

Москва и Каиро во моментов разговараат за можноста за учество на Русија во изградбата на инфраструктурата во Египет. Двете земји исто така ја разгледуваат и можноста за потпишување договор за слободна трговија. 

„Договорот може да ја зголеми трговијата и инвестициите“, рече рускиот премиер Дмитриј Медведев.

Да се потсетиме, во 2014 година, рускиот претседател Владимир Путин и египетскиот претседател Абделфатах ел Сиси се согласија за изградба на руска индустриска зона.

Многу водечки руски компании планираат да инвестираат околу 4,6 милијарди долари во градежништвото, а се очекува проектот да биде завршен во 2035 година.

Слично

Поврзани вести