Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин го предупреди Израел да не испраќа смртоносни оружја во Украина

Путин го предупреди Израел да не испраќа смртоносни оружја во Украина

Претседателот на Русија Владимир Путин го предупреди Израел да не испраќа оружје во Украина. Ваквиот потег би ги прекршил обидите за изнаоѓање на решение за конфликтот во источниот дел на земјата, вели Путин за време на интервју во руската државна телевизија.

„Тоа е одлука на израелските лидери. Нивно право е да го направат она што сметаат дека е правилно. Ако станува збор за смртоносно оружје мислам дека ќе е контрапродуктивно. Ќе доведе до нова серија конфликти, ќе се зголеми бројот на жртвите и конечниот резултат ќе биде ист“, изјавил Путин.

Во петокот руското Министерство за надворешни работи изјавило дека планираните воени вежби во Украина се прв чекор за можни испораки на оружје.

Изјавата на рускиот претседател доаѓа околу една недела откако тој го тргна ембаргото за увоз на оружје во Иран. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров најави дека во позадината на напредокот на преговорите меѓу Иран и светските сили во однос на нуклеарната програма на земјата, веќе нема потреба од забраната. Така што Путин и дозволи на земјата да бидат доставени одбранбени ракети S-300.

Израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху веќе изразил разочарување од одлуката на Путин по телефонскиот разговор со него во почетокот на оваа недела.

Слично

Поврзани вести