Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин го поздрави новиот Јапонски император

Путин го поздрави новиот Јапонски император

Рускиот претседател Владимир Путин го поздрави новиот јапонки цар Нарухито.
Престолонаследникот Нарухито утрово беше инаугуриран во нов јапонски цар, откако неговиот татко Акихито се откажа од престолот поради здравствени проблеми.

„Во последниов период нашите две земји претрпеа позитивни промени во соработката. Москва и Токио водат конструктивен политички дијалог. Уверен сум дека нашата соработка ќе продолжи и во иднина за поголем интерес на нашите народи. А пред се за заеднички допринес за меѓународната стабилност и сигурност“, се вели во телеграмата испратена од рускиот претседател до новиот јапонски цар.

Нарухито на полноќ ги презеде мечот и царскиот накит, со што симболично стана 126 јапонски цар.


Слично

Поврзани вести