ПУТИН ГО ПОСЕТИ КУРСК: Заробените украински војници ќе бидат третирани како терористи
Рускиот претседател Владимир Путин го посети регионот Курск. Шефот на генералштабот на руската војска Валери Герасимов притоа изјави дека руските сили успеале да ја повратат контролата врз сите 1.100 квадратни километри, што Украина ги имаше заземено во август лани.
Герасимов изјави дека руските трупи заробиле околу 430 украински војници во Курск. Путин додаде дека заробените украински војници ќе бидат третирани како терористи.
„Тие би можеле да се соочат со судење во руските судови и да поминат децении зад решетки“, рече Путин.
Состојбата се менува од час во час.
Украина претходно демантираше дека Суџа е во руски раце и соопштија дека се водат жестоки борби.Шефот на украинската војска Олександр Сирски вечерва навести дека дел од украинските трупи се повлекле од Курск.
Поранешен советник на Путин, Сергеј Марков вели дека рускиот лидер се плаши дека примирјето ќе придонесе Украина да се вооружи.
