Путин го пофали Трамп - што бара од Украина за мир?
Рускиот претседател Владимир Путин денеска одржа состанок во Кремљ по разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп, оценувајќи дека самитот во Алјаска бил навремен и многу корисен.
Путин ги информирал своите најблиски соработници дека за време на разговорите со Трамп во Алјаска, разговарал за можно решение на украинската криза на фер основа, пренесува РИА Новости.
„Разговаравме практично за сите области од нашата соработка, но пред сè, се разбира, разговаравме за можно решение на украинската криза на фер основа. Тоа беше можност уште еднаш мирно и темелно да се презентира нашиот став“, рече Путин за време на состанокот по руско-американскиот самит.
Според него, елиминирањето на главните причини за кризата во Украина треба да биде основа за решавање на конфликтот.
„Токму елиминирањето на овие коренски причини треба да биде основа на решението“, рече Путин за време на состанокот во Кремљ и оцени дека состанокот со Трамп бил „отворен, искрен и суштински“.
Путин рече дека Русија би сакала да продолжи со мирно решавање на сите прашања во Украина, додавајќи дека Москва го почитува ставот на американската администрација, која гледа потреба од брз крај на воените дејствија. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година.
