Путин го навреди Зеленски, тој бил срам за Евреите
Зеленски е срам за еврејскиот народ, вели рускиот претседател Владимир Путин.
Тој на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, уште еднаш ја обвини Украина за руската инвазија. И покрај анексијата на Крим во 2014 година и поддршката за проруските сепаратистички сили во Доњецк, Путин го прикажа својот напад врз Украина како нешто што бил принуден да го направи.
Путин додаде дека западните земји продолжуваат да „прават напори за да обезбедат тактички пораз на Русија на бојното поле“. Тој додаде дека Украина не постигнала никаков успех на бојното поле и дека „нема сомнеж“ дека повеќе западна воена опрема ќе биде уништена во земјата. Путин го нападна и еврејското наследство на Володимир Зеленски, тврдејќи дека тој е „срам за еврејскиот народ“.
„Постои сериозна опасност од вовлекување на НАТО во војна“, рече Путин.
Зборувајќи за ескалацијата на војната, Путин вели дека постои „сериозна опасност“ НАТО да биде дополнително вовлечен во конфликтот и дека „нема сомневање“ дека западните тенкови веќе „горат“ во Украина.
Зборувајќи за нападите на руската граница, тој рече дека неговите војници би можеле да уништат делови од централниот дел на Киев како одговор, но поради „различни причини“ тој одлучил да не го направи тоа. Украина ја почна контраофанзивата. Но, претходно Руски корпус вршеше напади на руска територија, близу Белгород. Руската инвазија на Украина почна лани на 24 февруари.
