Путин го навреди Западот, го нарече царство на лагите
Царство на лагите, вака рускиот претседател Владимир Путин го нарече Западот.
Ова го кажал за време на разговорите за економијата со високи функционери, што се одржаа по воведувањето на повеќекратните санкции против Русија, објави Кремљ. Во меѓувреме, рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров не отпатува за Женева како што беше планирано. Руската амбасада во Швајцарија соопшти дека посетата е откажана бидејќи многу земји ги блокирале воздушните линии кон Русија. Изворот наведува дека Лавров најверојатно ќе се обрати на мисијата од далечина.
Откако Русија ја почна инвазијата на Украина пред неколку дена, земјите од ЕУ и САД воведоа санкции.
Слично
