Путин го нападна Западот: Јелцин го прогласивте за алкохоличар откако ја бранеше Југославија!
Односите меѓу Русија и западните земји се повеќе се заладуваат, а тоа се одразува и во изјавите на рускиот претседател Владимир Путин упатени кон неговите западни колеги.
Штом Русија ќе зајакне, мислењето за неа кај Западот се менува, уверен е рускиот претседател. Според него, тоа се случува и во моментов, а се случувало и во времето на поранешниот претседател Борис Јелцин.
„Светот одобруваше се што правеше Јелцин додека не застана во одбрана на Југославија. Штом проговори во одбрана на Југославија, веднаш во очите на западните сили се претвори во алкохоличар, во лош и порочен човек. Сите одеднаш дознаа дека Јелцин сака да пие. Зарем тоа претходно беше тајна? И зарем постоеше некој што тоа не го знаеше? Сите го знаеја тоа, но тоа не им пречеше на неговите контакти со светот. Меѓутоа, штом дојде момент да се бранат руските интереси на Балканот и штом тој отворено се изјасни, веднаш се претвори во непријател на Западот“, вели Путин.
Тој смета дека денес е слично и по прашањето на Украина, каде што се претпоставува дека Русија има интереси, но и се оспорува да ги брани. Одлуките за ситуацијата во врска со крим беа добро промислени и нема сомнеж во нивниот успех, бидејќи вистината е на страната на Русија, уверува Путин.
Слично
