ПУТИН ГО ФАЛИ ТРАМП: Сите ќе застанат пред нозете на господарот и малку ќе ги свијат опашките
Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска изјави дека американскиот претседател, Доналд Трамп, многу брзо ќе воспостави ред и дека европските елити „ќе застанат пред нозете на господарот“ и „ќе ги свијат опашките“.
Вели дека Трамп тоа ќе го постигне со својот карактер и со својата упорност.
„Доста брзо ќе воспостави ред таму. И сите, ќе видите, брзо, наскоро, сите ќе застанат пред нозете на господарот и малку ќе ги свијат опашките“, изјави Путин во интервју за каналот Телеграм на новинарот Павел Зарубин, пренесе Вм.ру.
Во интервјуто Путин го критикуваше одбивањето на Европа да ја покани Русија да го одбележи ослободувањето на нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц, што се наоѓа во Полска.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека исклучувањето на Киев од преговорите на Соединетите Американски Држави и Русија за војната во Украина би било „многу опасно“.
