Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин го чува Сноуден, Русија нема да го екстрадира во САД

Путин го чува Сноуден, Русија нема да го екстрадира во САД
Едвард Сноуден се наоѓа во транзитниот дел на аеродром „Шереметјево“ во Москва, потврди попладнево рускиот претседател Владимир Путин. Притоа Путин изрази надеж дека поради случајот со поранешниот службеник на тајните служби на САД,  нема да страдаат руско-американските односи. „Се надевам дека случајот нема да ги наруши односите меѓу Русија и САД. Колку побрзо Сноуден ќе ја избере целта кон која ќе патува, толку подобро за него и за Русија“ изјави Путин, а пренесе новинската агенција Интерфакс. Путин сепак потенцираше дека Москва нема да го екстрадира Сноуден. Претходно во јавноста се проширија информации дека Сноуден сака да патува преку Куба кон Еквадор каде што побара политички азил. Пред Москва, Сноуден се криеше во Хонг Конг. Сега американските медиуми пишуваат дека разузнавачките служби се загрижени затоа што немаат информации кои доверливи податоци ги поседува Сноуден. Се посочува и дека голема е веројатноста тој да однел многу повеќе доверливи документи на ЦИА отколку се мислеше, а неговото познанство со основачот на Викиликс, Џулијан Асанж само ги подгрева ваквите тврдења.
Британските медиуми пак пишуваат дека весниците што ја обелоденија афрата, сеуште ги немаат објавено сите детали од тајните документи на Сноуден.
Слично

Поврзани вести