Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПУТИН ГО ЧЕКАШЕ ЕРДОГАН ЦЕЛА МИНУТА, празната сала од чекањето на рускиот претседател предизвика голем медиумски интерес

ПУТИН ГО ЧЕКАШЕ ЕРДОГАН ЦЕЛА МИНУТА, празната сала од чекањето на рускиот претседател предизвика голем медиумски интерес

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот колега Реџеп Таир Ердоган предизвика голем интерес во јавноста, особено фактот дека Путин го чекаше Ердоган пред столчињата скоро цела минута. 





Додека чекаше, пред камерите се прфлаше од нога на нога, а кога конечно се појави Ердоган, по речиси една минута, Путин ги рашири рацете со што изгледаше како да му вели на Ердоган „ајде, каде си досега“.

Низ социјалните медиуми се пренесе кратко видео, а медиумите посочуваат дека ова е невообичаена ситуација, со оглед на тоа што тој е тој што вообичаено ги остава другите светски лидери да го чекаат, понекогаш и со часови.

- Оние 50 секунди што Путин го чекаше Ероган, изгледајќи уморно пред камерите, кажуваат многу за тоа колку многу се променило од Украина - напиша дописникот на Нејшенал њус, Џојс Карам, на Твитер.

Карам шпекулира дека ова е мала слатка одмазда на Ердоган за средбата во Москва во 2020 година, кога го чекал Путин две минути, пренесува Гардијан.

Тогаш турските медиуми пишуваа дека Ердоган и неговата придружба биле понижени, оставени да чекаат во салата, а снимка од тоа ја пренесоа руските медиуми.

Владимир Путин, Реџеп Таип Ердоган и неговиот ирански колега Ебрахим Раиси разговараа за ситуацијата во Сирија и блокадата на украинското жито во Техеран.

Фото: Принскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести