Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин ги разбесна кинезите: „Неговиот тигар ни ги изеде кокошките, зад себе остави крв и перја“

Путин ги разбесна кинезите: „Неговиот тигар ни ги изеде кокошките, зад себе остави крв и перја“

Кинезите го „обвинуваат“ сибирскиот тигар Кузју, кој рускиот претседател Владимир Путин го пуштил во дивината, за напад на кокошарник во едно село во покраината Хеилонгјианх на североистокот од Кина, известија денеска руските медиуми.

Наводно изел некоку кокошки и зад себе оставил трагови на крв, своите шепи и перја, јавува кинеската новинска агенција Xinhua.

Кујзу го „пријавиле“ локалните жители пред три дена на пограничната служба.

Кујзу е еден од трите тигри кои Путин ги пуштил на слобода во мај оваа година во Амурската област. Во почетокот на октомври кинеските експерти известија дека Кузју ја преминал руската граница и повеќепати е виден во покраинатаХеилонгјианх. Поставени се повеќе од 60 автоматски видеокамери за да се следи неговото движење.

Во дивината живеат помалку од 500 сибирски тигри и тоа повеќе во источна Русија, северноисточна Кина и северниот дел од Корејскиот полуостров.

Сибирските тигрови се загрозени бидејќи се ловат поради црвеното крзно украсено со црни пруги.

Слично

Поврзани вести