Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПУТИН ГИ ПОВИКА КЛУЧНИТЕ ЛУЃЕ НА СОСТАНОК ВО КРЕМЕЉ: Се „кова“ ли жестока одмазда по екплозијата на Крим

ПУТИН ГИ ПОВИКА КЛУЧНИТЕ ЛУЃЕ НА СОСТАНОК ВО КРЕМЕЉ: Се „кова“ ли жестока одмазда по екплозијата на Крим

Кремљ објави дека рускиот претседател Владимир Путин свика состанок на рускиот Совет за безбедност, на кој ќе се соберат клучните министри, политички претставници и претставници на безбедносните служби и војската за в понеделник.

„Средбата на претседателот со постојаните членки на Советот за безбедност е закажана за утре“, потврдил портпаролот Дмитриј Песков за РИА Новости.

Оваа средба ќе се одржи два дена откако експлозија го оштети мостот на Крим, кој ја поврзува Русија со Крим. Конкретно, на 8 октомври на Кримскиот мост експлодираше камион, по што се запалија седум цистерни со гориво од воз што се движеше по железничкиот дел на преминот. Руското Министерство за транспорт соопшти дека железничкиот сообраќај преку мостот се одвива според возниот ред за патнички возила, додека камионите и автобусите мора да го користат траектот Керч, кој сообраќа бесплатно. Обновен е и сообраќајот на пругата.

ФОТО: EPA/KONSTANTIN ZAVRAZHIN / SPUTNIK /

Слично

Поврзани вести