Путин ги обвини западните политичари дека не се грижат за луѓето
Западните политичари воопшто не се грижат за луѓето, вели рускиот претседател Владимир Путин.
Тој кажа дека без оглед на актуелните политички тешкотии, Русија секогаш ќе биде сигурен и одговорен снабдувач на метални производи за странските клиенти и партнери.
„Антируските санкции не ја одразуваат реалноста на глобалната политика и економија. Веќе реков дека овие одлуки ги донесоа западните земји поради политички интереси – актуелни, опортунистички, кои не ја одразуваат реалноста на глобалната политика или глобалната економија“, рече Путин.
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, за снабдувањето со руски гас рече дека Европа треба да се подготви за најлошото.
Слично
