Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин ги негира обвиненијата за воени злосторства во Алепо

Путин ги негира обвиненијата за воени злосторства во Алепо

Рускиот претседател, Владимир Путин ги отфрли обвинувањата за извршени воени злосторства во северниот сириски град Алепо. 

„Длабоко сум убеден дека западните партнери, прво природно САД, се оние кои се одговорни за ситуацијата во регионот воопшто и во Сирија особено"- изјави Путин во интервју за француската телевизија TF1.

Путин објасни дека воздушните напади во Алепо се насочени против Фронтот "Ан Нусра", кој е вклучен во листата на ОН на терористичките организации.

„Не можеме да дозволиме на терористите да користат цивили како живи штитови. Не можеме и да им дозволиме да бараат откуп од целиот свет, земајќи заложници"- додава рускиот претседател.

За сириската криза не постои друго решение освен зајакнувањето на државните институции во Сирија и помагање во борбата против тероризмот, дополни тој.



Слично

Поврзани вести