Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин, Ердоган и Раиси за Сирија: Кризата може да се реши само со дипломатија

Путин, Ердоган и Раиси за Сирија: Кризата може да се реши само со дипломатија

Сириските власти воспоставија контрола врз голем дел од нивната територија, а кризата во таа земја може да се реши само со дипломатски средства, се вели во заедничката изјава објавена по средбата во Техеран на претседателите на Иран, Русија и Турција - Ибрахим Раиси, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган.

Путин рече дека на трилатералниот самит се разговарало и за сложената ситуација на териториите во областа на реката Еуфрат, нагласувајќи дека тие треба да се вратат под сириска контрола и истакна дека борбата против тероризмот во Сирија ќе продолжи, пренесува Спутник.

Како што изјавил претседателот на Иран, Ибрахим Раиси, Русија, Иран и Турција потврдија дека територијалниот интегритет на Сирија мора да се зачува и дека територијата во областа на реката Еуфрат треба да биде вратена под контрола на Дамаск. Во заедничката изјава, тројцата лидери ги осудија нападите на Израел врз Сирија, вклучително и врз цивилни цели.

Рускиот претседател рече дека билатералните преговори во Иран биле корисни и посочил дека со Раиси детално разговарале за економијата и се договориле да се префрлат на употреба на националните валути во меѓусебната трговија.

Според него, следните консултации ќе се одржат до крајот на годината во Русија.


Слично

Поврзани вести