Путин е подготвен да се види со Трамп во Љубљана
Рускиот претседател Владимир Путин ќе ги следи насоките на Кремљ кој интезивно работи на подготовка на првата средба со новиот американски претседател Доналд Трамп. Иако првично се размислуваше средбата да се организира во Исланд, сега Путин вели дека Љубљана или воопшто Словенија би било добро место за првото соочување со Трамп.
Секако, средбата нема да се случи преку ноќ и двете администрации долго време ќе се подготвуваат со сите нови политики, но и двајцата претседатели досега искажаа позитивни пораки за доближување на разликите меѓу САД и Руската Федерација.
Слично
