Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин е подготвен да работи со Трамп во борбата против тероризмот

Путин е подготвен да работи со Трамп во борбата против тероризмот

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва ќе го поддржи американскиот државен шеф Доналд Трамп во борбата против тероризмот и би соработувале со Пентагон и ЦИА. 

Правилно е претседателот Трамп да ја постави оваа цел. Ние ќе ја поддржиме оваа работа, рече Путин на арктичкиот форум во северниот дел на Русија. 

Рускиот претседател посочи дека би разговарал за напорите за борба со тероризмот со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон при неговата посета на Русија. Москва освен тоа е подготвена да работи со новата американска администрација за битката со „Исламска држава“ во Сирија. 

Путин изјави дека неговата земја има многу пријатели во САД и дека проблемите во односите меѓу Москва и Вашингтнон во одреден момент ќе се вратат во нормала. 

Тој негираше дека Русија се вмешала во претседателските избори во САД минатата година и објасни дека контактите што руските дипломати ги имале во САД биле само дел од рутинската работа. 

Обвинувања во спротивното се лаги и провокации, додаде рускиот претседател. Путин истакна дека антируски санкции се штетни за економиите на САД и Европа. 

Западните земји ќе ја казнат Москва поради анексијата на Кримскиот полуостров од Украина и руската улога во украинската криза, потсетуваат агенциите. Рускиот претседател додаде дека е подготвен да се сретне со американскиот државен шеф Доналд Трамп во рамките на самитот на Арктичкиот совет, кој ќе се одржи во Финска. 

Изјавата на Путин беше одговор на изјавата на финскиот претседател Саул Нинисто, кој рече дека би бил среќен да ги угости шефовите на Русија и САД во Финска.

Слично

Поврзани вести