Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПУТИН Е ЛАДЕН И ПРЕСМЕТАН ТАКТИЧАР И ЗНАЕ ДА МАНИПУЛИРА СО ЛАГИ“: Меркел со детали од средбите со рускиот претседател

ПУТИН Е ЛАДЕН И ПРЕСМЕТАН ТАКТИЧАР И ЗНАЕ ДА МАНИПУЛИРА СО ЛАГИ“: Меркел со детали од средбите со рускиот претседател

- Станува збор за брутален напад, кој го крши меѓународното право и за кој нема оправдување - изјавипоранешната германска канцеларка, Ангела Меркел во разговор со новинарите во театарот „Берлинер ансамбл“.

Според неа, во последните години не е создадена безбедносна архитектура за да се спречи оваа војна и додаде дека треба да се размисли и за тоа. Меркел нагласи дека не го дели мислењето на Путин дека Западот постојано ја понижува Русија, но знаела дека тој така мисли.

Таа го оцени Путин како ладен, пресметан тактичар кој знае да манипулира со лаги. За време на нејзината проштална посета на Москва, таа сфатила дека за некои прашања „не можат да одат понатаму“. Тогаш Путин и објаснил на Меркел дека, како што таа вели, распадот на Советскиот Сојуз е најлошото нешто во 20 век.

Сепак, Меркел, која е родена во Источна Германија, вели дека распадот на СССР била „најсреќната околност“.

„За време на првата посета на Кремљ, која се одржа пред посетата на Сочи, се случи Путин да ми рече: „Слушнав дека имаш проблем со кучињата?“ И ми подари голема играчка куче“, рече таа.

Меркел се пошегува со смеа и аплауз од публиката дека „храброста на канцеларката можела да заврши поради кучето“. Како што прецизира таа, „ваквите психолошки тешкотии доведуваат до тоа дека не може целосно да се дејствува политички и дека нешто може да тргне наопаку“.

На средбата меѓу Путин и Меркел во Сочи во 2007 година, миленикот на Путин - Лабрадор Кони - влезе во преговарачката соба. Меркел се исплаши, а некои странски медиуми тогаш објавија дека Путин тоа го направил намерно, бидејќи знаел дека германската канцеларка се плаши од кучиња, откако во 1995 година ја каснало куче.

Во 2016 година германските новинари го прашаа Путин за тоа, а тој изјави дека не знаел дека Меркел се плаши од кучиња. Рускиот лидер објасни дека, напротив, сакал да направи пријатна работа кога ќе го покаже своето куче. Тој исто така додаде дека потоа и го објаснил тоа на Меркел и се извинил.

ФОТО: EPA/HAYOUNG JEON

Слично

Поврзани вести