ПУТИН Е ГУБИТНИК ВО ЏУДО БОРБА ОД ДЕТЕ: Украина има нова поштенска марка
Украина издаде
поштенски марки со мурал на познатиот британски графити уметник Бенкси по повод
годишнината од руската инвазија на Украина, пишува Би-би-си.
На муралот се гледа како момче фрла на подот возрасен маж кој наликува на рускиот претседател Владимир Путин во џудо борба. Оригиналниот графит беше нацртан на куќа во Бородјанка, во близина на Киев, која беше уништена од гранатирањето на руските сили.
Метафора за украинскиот отпор
На долниот лев агол на поштенската марка е додадена директна референца за рускиот лидер. Путин има црн појас во џудо и е љубител на боречки вештини. Многу Украинци го гледаат муралот на Бенкси како метафора за силниот отпор на Украина на руската инвазија.
Уметничките дела на Бенкси може да се најдат на неколку згради во украинските градови кои се тешко погодени од руската агресија.
ФОТО: EPA