Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин дури три пати го одложи нападот на Украина

Путин дури три пати го одложи нападот на Украина

Според разузнавачите, рускиот претседател Владимир Путин дури три пати го одложил нападот на Украина. Последен пат го одложил нападот во средината на февруари. 

Иницијатор на нападот беше Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Руската Федерација. Со вакво тврдење излезе Вадим Скибицки, заменик-началник на Одбранбената разузнавачка служба на Украина за Билд. 

Вели дека Путин постојано разговарал за идејата за инвазија со Валери Герасимов, началникот на Генералштабот на руските вооружени сили и Сергеј Шојгу, министерот за одбрана, но ФСБ била таа која инсистирала.

„Тие (офицерите на ФСБ) беа сигурни дека се доволно подготвени за инвазијата. Тие вложија огромни ресурси и го туркаа Герасимов да нападне“, рече тој.

Кажа дека руските единици за време на нападот на Киев биле исцрпени и немале доволно храна, муниција и гориво за само три дена.

„Сите први цели не успеаја. Не можеа да го опкружат Киев, ниту да ги заземат Суми, Чернихив и Харков“, заклучи тој.

Дронови и натаму го гаѓаат Киев. 

Украина не сака да отстапи територии на Русија за ставање крај на војната. 

Во меѓувреме, Украинците признаа дека сакале да го убијат еден од најважните луѓе во руската одбрана. 

Слично

Поврзани вести