Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПУТИН ДОНЕСЕ ОДЛУКА, ЗА НЕКОЛКУ ДЕНА ЌЕ ЈА НАПАДНЕ УКРАИНА: Бајден е убеден откако почна масовна евакуација на цивилите

ПУТИН ДОНЕСЕ ОДЛУКА, ЗА НЕКОЛКУ ДЕНА ЌЕ ЈА НАПАДНЕ УКРАИНА: Бајден е убеден откако почна масовна евакуација на цивилите

Рускиот претседател Владимир Путин одлучи за неколку дена да ја нападне Украина – соопштија САД. Претседателот Џо Бајден синоќа одржа вонредна прес-конференција, откако сепаратистите поддржани од Москва им дале наредба на цивилите да ги напуштат регионите со автобуси.

-Имаме причина да веруваме дека руските сили планираат напад врз Украина следната недела, па дури и во наредните денови“, изјави Бајден пред новинарите во Белата куќа, додавајќи дека целта е Киев.

„Од овој момент убеден сум дека Путин ја донесе одлуката“, рече тој.

Доцна синоќа, украинската воена разузнавачка служба објави дека руските специјални сили поставиле експлозиви во објектите на социјалната инфраструктура во Доњецк и ги повикаа жителите да останат дома.  

Предупредувачките сирени се огласија во отцепените региони Доњецк и Луганск откако тамошните бунтовнички водачи најавија евакуација на стотици илјади луѓе во Русија. Москва веќе им гарантираше државјанство на многу семејства од рускојазичното подрачје, а за неколку часа од точката за евакуација во Доњецк автобусите биле полни со цивилно население. Оттаму ќе заминат 700.000 луѓе.


Слично

Поврзани вести