Путин: Долгот на Украина нема поврзаност со случувањата во земјата
Во интервју за државната телевизијата „Росија“, Путин изјави дека настојувањето на Русија да си го наплати долгот од Украина за доставениот гас, не е поврзано со актуелените случувања во оваа земја. Тој вели дека до 7 април Украина требала да плати 525 милиони долари за доставениот руски гас во текот на март, но дека досега не исплатила ниту цент од таа сума.
- Се договоринме дека ако (Украинците) не ги плаќаат тековните обврски, тогаш ќе преминеме на формулата за одредување на цената на ниво од 485 долари за метар кубен. Ние би можеле да го направиме тоа уште веднаш, бидејќи заостанатиот долг (за гасот) достигна 2,2 милијарди долари. Сепак, тоа нема да го сториме затоа што не сакаме да ја поткопаме украинската економија и да го довдеме во прашње транзитот на гас до Европа, нагласи Путин.
Тој ја повика ЕУ финансиски да ја помогне Украина за да може земјата да си ги плаќа своите долгови и да не се загрози транспортот на гас за европските потрошувачи.
Путин тврди дека Русија е подготвена да почека уште еден месец, но дека не може да чека вечно на парите што и ги должи Украина, додавајаќи дека руските даночни обврзници не се должни да ги покриваат проблемите на Украинците.
Слично
