Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин: Дојде моментот да создадеме монетарна унија

Путин: Дојде моментот да создадеме монетарна унија

Дојде моментот за Русија, Белорусија и Казахстан да превземат акција за создавање монетарна унија. Тоа го изјавил рускиот претседател Владимир Путин, цитиран од руските медиуми.

„Сметаме дека е дојдено времето за разговори во врска со можноста за формирање на монетарна унија. Работејќи рамо до рамо, ќе биде полесно да реагираме на надворешните финансиски и економски закани и да го заштитиме нашиот единствен пазар“, изјавил Путин по средбата со претседателот на Белорусија Александар Лукашенко и казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев во главниот град на Казахстан.

Претходно претседателката на Советот на федерацијата Валентина Матвиненко изјавила дека забрзувањето на процесот на Евроазиска интеграција е можно со помош на „зајакнување на информациската работа“ во „сите можни формати“.

Евроазиската економска унија е создадена врз основа на царинска унија меѓу Русија, Казахстан и Белорусија. Таа почна да дејствува од 1 јануари 2015 година. На 26 февруари 1999 година Белорусија, Казахстан, Киргистан, Русија и Таџикистан потпишаа договор за Царинска унија и е единствен економски простор.

Слично

Поврзани вести