Путин доби овластување да одобрува воени операции за спасување Руси приведени во странство
Државната дума, долниот дом на рускиот парламент, денеска усвои закон со кој се овозможува користење на армијата за заштита на руски граѓани во случаи на апсење, кривичен прогон или други правни постапки што ги покренуваат странски судови.
За законот гласале 381 пратеник, односно 84,7 проценти од присутните. Немало гласови против ниту воздржани.
Во образложението се наведува дека според постојното законодавство, претседателот на Русија веќе има овластување да распореди вооружени сили и за задачи што не се директно поврзани со воени операции.
Со новиот закон тие овластувања дополнително се прошируваат, па претседателот ќе може да ја користи армијата за заштита на руски граѓани од кривичен прогон пред странски или меѓународни судови во кои Русија не учествува.
Доколку рускиот претседател Владимир Путин го потпише законот, тој ќе стапи во сила десет дена по официјалното објавување.
Во анализите се споменува и случајот со Марија Лвова-Белова, руската комесарка за детски права, која Меѓународниот кривичен суд ја бара по обвиненија за киднапирање украински деца.
foto printskrin youtube
