Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин до Киев: Повлечете ја Украинската војска!

Путин до Киев: Повлечете ја Украинската војска!

Рускиот претседател Владимир Путин им сугерирал на украинските власти да им наредат на војниците кои се под опасада во Дебаљцево, да се повлечат од овој град, околу кој војуваат армијата на Украина и бунтовничките сили, пренесуваат британските медиуми.

„Се надевам дека украинските власти нема да ги спречат војниците да го положат оружјето“, изјавил рускиот претседател,изразувајќи уверување дека бунтовниците ќе им дозволат на сите заробеници, безбедно да се вратат во своите домови.

За време на неговата посета на Унгарија, Путин рекол дека ваквата одлука на Киев ќе помогне да се избегнат натамошните жртви, но и да се постигне прекин на огнот, што беше договорен со спогодбата од Минск.

Властите во Киев бараат бунтовниците да ја прекинат борбата, без „да поставуваат никакви услови“ додека тие тврдат дека Дебаљцево „не е дел од спогодбата во Минск“.

Жестоки борби се водеа во текот на вчерашниот ден за овој мал,но стратешки важен град во Источна Украина и покрај спогодбата за прекин на огнот.

Станува збор за „внатрешна работа“ додале и дека тие не може да ги запрат војувањата кога веќе се на дофат да го освојат градот.

Украинските сили сакаат да го задржат Дебаљцево под своја контрола, за да им ја прекинат на бунтовниците, врската меѓу Доњецк и Луганск. Бунтовничките сили пак, настојуваат да го освојот овој важен железнички чвор, преку кого оди линијата меѓу двата главни центра на проруските бунтовници, во освоените делови од Источна Украина.

Путин во Будимпешта изјавил дека жестоките борби за Дебаљцево биле „разбирливи и нешто што можело да се предвиди“.

Путин открил дека им објаснувал на учесниците на преговорите во Минск дека со или без прекин на огнот,опседнатите владини сили ќе се обидат да се пробијат и да останат во градот,додека бунтовниците ќе настојуваат да ги спречат во тоа.

Украинскиот претседател Петро Порошенко, по телефонскиот разговор со германскиот канцелар Ангела Меркел, ја повика меѓународната заедница да го запре „агресорот“ опишувајќи го настојувањето на бунтовниците да го заземат градот како „циничен напад“ врз спогодбата од Минск.

Русија синоќа предоложи во Советот за безбедност на ОН, резолуција со која се повикуваат завојуваните страни на итен прекин на огнот,што беше усвоена без гласање.

Проруските бунтовници синоќа објавија дека веќе имаат под своја контрола 80 отсто од Дебаљцево, како и дека држат 80 заробени украински војници, а дека други 300 самите се предале.

Слично

Поврзани вести