Путин дава бесплатна земја на Далечниот исток-Еве кои се условите
Претседателот на Русија Владимир Путин потпиша закон за давање на граѓаните бесплатно да користат земја на Далечниот исток, се наведува на официјалниот портал за правни информации.
Сега секој граѓанин на Русија може да го искористи своето право да на рок од пет години добие на користење најмалку хектар земја кој се наоѓа во сопственост на државата или општината. Таа може да се наоѓа на територијата на Република Саха, во Камчатка, Приморскиот и Хабаровскиот крај, Амурска, Магаданска, и во Сахалинската област, Еврејската автономна област или Чукотскиот автономен округ.
По истекот на пет години земјата може да се земе во закуп или да се добие во сопственост. Притоа, купопродажбата на добиената земја не е дозволена. Таа не може да се дава во закуп или на користење на странци, компании како ни на луѓе без државјанство.
Нацрт законот бил изработен по предлог на самиот Путин.
Според истражувањата, 63 одсто од жителите на Далечниот исток сметаат дека бесплатното давање на земјата ќе го зголеми стандардот на регионот.
Во почетокот на март Министерството за економски развој предложило на населението бесплатно да му се додели земјата која не се експлоатира.
