Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин даде заклетва

Путин даде заклетва

По 18 години на власт, Владимир Путин денеска положи свечена заклетва за четвртi претседателски мандат, откако на изборите на 18 март убедливо победи, освојувајќи повеќе од 76 отсто од гласовите. Тој ќе остане во Кремљ до 2024 година, кога ќе има 72 години.

-Ќе ја извршувам функцијата уважувајќи ги правата и слободите на граѓанире, ќе го штитам Уставот и ќе го бранам суверенитетот, безбедноста и целовитоста на државата и верно ќе му служам на народот, рече Путин во заклетвата што ја положи на Уставот на Руската федерација, во големата сала во Кремљ.

Путин, поранешен агент на КГБ, дојде на власт во 2000 година, заменувајќи го Борис Елцин на функцијата претседател на Русија, која тогаш беше нестабилна и економски слаба држава. Голем број од сонародниците го фалат Путин поради тоа што благодарејќи на приходите од нафтата, на земјата и донел стабилност и напредок, а други пак го критикуваат поради ограничувањето на човековите права и медиумски слободи

Од гостите, највпечатливо беше гостувањето на поранешниот германски канцелар Герхард Шредер.


Слично

Поврзани вести