Путин чека Европа да го моли, вели Џонсон
На рускиот претседател Владимир Путин му се допаѓа тоа што знае дека животот на многу Британци ќе стане тежок, вели британскиот премиер во заминување Борис Џонсон.
Кажа дека инвазијата на Русија на Украина ги заплаши енергетските пазари.
„Војната на Путин ги чини и британските потрошувачи. Поради ова, вашата сметка за енергија се дуплира. Се плашам дека Путин го знае тоа. Нему тоа му се допаѓа“, рече Џонсон.
Џонсон вели дека Путин верува дека како што наближува зимата, европските политичари ќе го омекнат својот однос кон рускиот претседател како и санкциите поради војната и ќе почнат да „молат за руската нафта и гас“.
Џонсон истакна дека многу луѓе низ Велика Британија ќе страдаат поради кризата со трошоците за живот, но ја увери јавноста дека неговиот наследник ќе понуди финансиска поддршка.
Во меѓувреме, во Европа одредени земји нудат помош за своите граѓани.
Во Франција за зимава се бараат печки на дрва, а струјата стана екстремно скапа.
