ПУТИН ЧЕКА АБЕР ОД ТРАМП: Ќе разговараат телефонски по разговорите во Белата куќа
Рускиот претседател Владимир Путин чека да завршат разговорите во Белата куќа на претседателот на САД, Доналд Трамп со европските лидери и претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
„Сега му кажав на претседателот, ќе имаме телефонски разговор после средбата. Може да имаме, може да немаме трилатерална средба. Ако немаме, војната ќе продолжи, а ако имаме трилатерална средба има голема можност војната да заврши, но тој очекува мој повик кога ќе завршиме со средбата“, рече Трамп.
На средбата, американскиот претседател ќе им пренесе на европските лидери и на Зеленски што било разговарано на Самитот кој се одржа на Алјаска, но и ќе треба да се договори евентуална трилатерална средба Путин - Зеленски - Трамп, на која би се разговарало за конечно завршување на војната во Украина.
ВОЈНАТА ЌЕ ЗАВРШИ: Трамп вели дека во вториот мандат завршил шест војни
ОВА Е ВОЈНА НА БАЈДЕН: Трамп вели дека и Путин сака мир во Украина
ФОТО: ПОЧНАА ДА ПРИСТИГНУВААТ - Европските лидери влегуваат во Белата куќа
