Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин буди повеќе восхит од Далај Лама

Путин буди повеќе восхит од Далај Лама

Светот се восхитува повеќе на рускиот претседател, Владимир Путин  отколку на духовните лидери Далај Лама и папата Францис.

Ова го покажува новото истражување на агенција „YouGov" за луѓето кои будат најмногу восхит за 2016 година, цитирано од британскиот весник „Индипендент".

Според него, рускиот претседател го зазема шестото место, додека Далај Лама е осми, а папата Фрацис е тринаесети.

Втора година по ред мажот кој  собрал најмногу восхит во светот, е извршниот директор на „Мајкрософт",  Бил Гејтс.

Зад него се американскиот претседател Барак Обама, неговиот кинески колега Си Дзинпин, актерот Џеки Чен и научникот Стивен Хокинг.

Жената, на која светот се восхитува најмногу, е Анџелина Џоли. Потоа е Кралицата Елизабета Втора, Хилари Клинтон, Опра и Мишел Обама.

Кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп е на 18-то место.  Лидерот на француската крајнодесничарска партија „Национален фронт",  Марин Ле Пен исто влегува во првите 20. Меѓу другите познати личности влегуваат  Селин Дион, Сандра Булок, Ема Вотсон, Тејлор Свифт, Дејвид Бекам и Лео Меси.

Слично

Поврзани вести