Путин бил убиец - Кремљ чека извинување
Кремљ соопшти дека сака извинување од „Фокс њуз" поради изјавата на едно од водечките лица на медиумот, дека рускиот претседател Владимир Путин е убиец.
Бил О'Рајли го нарече Путин „убиец" во интервју со претседателот на САД, Доналд Трамп, додека се обидуваше да го натера американскиот претседател да објасни подетално на што се должи почитта кон неговиот руски колега.
Во интервјуто Трамп изјави дека го почитува Путин, но тоа не значи дека двајцата ќе се разбираат.
„Ако Русија ни помогне во борбата против ИД, што е голема битка, и против исламскиот тероризам во светот, ќе биде убаво"- рече Трамп.
Бил О'Рајли го прекина, и извика: „Но, тој сепак е убиец. Путин е убиец", Трамп одговори: „Има многу убијци. Имаме многу убијци. Што мислите? Дека нашата земја е толку невина?".
„Фокс њуз" и О'Рајли засега не одговориле на барањата за извинување.
