Путин: Без Русија немаше да има мир во Сирија
Ние направивме услови за почетокот на мировниот процес, изјави рускиот претседател, Владимир Путин посочувајќи дека е можно да соработува со САД.
Путин ова го кажа за време на церемонијата при пречек на војниците кои се вратија од Сирија. Операцијата на Русија во Сирија чинеше 33 милијарди рубљи. Путин додаде дека задачата на Руската Федерација во Сирија е борба против тероризмот.
„Ние веднаш имавме идентификувани цели на операцијата, поддршка на легалната борба на сириската армија со терористички групи"- вели Путин.
Според него наоѓањето на конечно решение за иднината на земјата е во рацете на самите Сиријци.
На почетокот на неделава, Русија изненадувачки започна со повлекувањето на војската од Сирија.
Руската операција против терористичката организација "Исламска држава" во Сирија траеше речиси шест месеци.
Со поддршка на руската авијација сириските војници ослободија околу 400 населени места.
Слично
