Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПУТИН БЕСЕН НА ТУРЦИЈА: Знаеме дека го соборивте авионот за да им се умилкувате на САД!

ПУТИН БЕСЕН НА ТУРЦИЈА: Знаеме дека го соборивте авионот за да им се умилкувате на САД!

На годишната прес-конференција во Кремљ, рускиот претседател Владимир Путин испрати остри критики кон Турција и со вулгарни зборови обвини дека турците го собориле авионот за да им се умилкуваат на САД.

"Ако некој од турските лидери решил да ги лиже Американците на одредено место, не знам дали тоа била правилна постапка или не, и не знам дали на Американците им треба тоа", остро рече Путин.

Vladimir Putin

Рускиот лидер го објасна сценариото како Турција го соборила авионот, а за возврат Вашингтон  занемари влегувањето на нивните сили во Ирак.

Путин опширно објаснуваше и зошто не гледа перспектива во затоплувањето на односите со Турција и најави дека санкциите кон земјата и натаму ќе продолжат.

Претседателот рече и дека тешко е да постигне каков било договр со актуелното турско раководство што тој го обвинува за "постепена исламизација", поради која основачот на секуларната држава Кемал Ататурк би се превртувал во гроб.

Осврнувајќи се на ситуацијата во Украина, Путин потвди дека има присуство на руски специјалци во земјата.
Слично

Поврзани вести