Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин бара од Украина да почне преговори за политички излез од кризата

Путин бара од Украина да почне преговори за политички излез од кризата
Рускиот претседател Владимир Путин побара од Украина веднаш да започне преговори за политичко решавање на кризата на истокот на земјата. „Треба веднаш да започнеме суштински преговори... за прашањата кои се однесуваат на политичката организација на општеството и државноста на југоистокот на Украина, за да се заштитат легитимните интереси на луѓето кои таму живеат“, рече Путин во емисија на рускиот Канал 1. Ова е првпат рускиот претседател во однос на случувањата во источна Украина да зборува за „државноста“ и за ново политичко уредување на регионите во кои се водат борби помеѓу проруските бунтовници и украинските сили. Досега Москва бараше само поголема автономија за овие области во федерален систем со Украина, кој би бил помалку централизиран. Сепак, портпаролот на Путин, Димитриј Песков, тврди дека тој терминот „државност“ не го употребил во контекст на суверенитет на двата сепаратистички региони. Во емисијата, рускиот претседател не зборувал подетално за најавите за нови санкции од западните земји кон Русија поради случувањата во Украина.
Слично

Поврзани вести