Путин бара од Макрон да не ја помагаат Украина со оружје
Русија бара западот да не ја помага Украина со оружје.
„Западот треба да престане да испраќа оружје во Украина“, му рекол рускиот претседател Владимир Путин на неговиот француски колега Емануел Макрон во денешниот телефонски разговор, објави Кремљ.
Путин, според соопштението, рекол дека „Западот би можел да ги прекине ужасите со соодветно влијание врз властите во Киев, како и со прекин на испорака на оружје за Украина“.
Путин ги обвинил украинските сили дека вршат воени злосторства кои Европската унија „ги игнорира“.Макрон вели дека Русија мора да ја запре агресијата.
Макрон објави соопштение, во кое се вели дека во повикот со рускиот претседател Владимир Путин, францускиот лидер уште еднаш ја нагласил „екстремната тежина на последиците од руската агресивна војна против Украина“ и го обновил своето барање за прекин на огнот.
Макрон ја изрази својата загриженост за ситуацијата во Донбас и Мариупол и ја повика Русија да дозволи продолжување на евакуацијата од централата Азовстал, соопшти кабинетот на францускиот претседател.
Тој ја повика Русија „да ги исполни своите одговорности како постојана членка на Советот за безбедност со ставање крај на оваа разорна агресија“, се вели во соопштението. Макрон трпи критики за неговите напори да го одржи дијалогот отворен со Кремљ.
