Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин: Американците ги прислушуваат сите, од нив сѐ може да очекувате

Путин: Американците ги прислушуваат сите, од нив сѐ може да очекувате

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин го прокоментира барањето на заменик-претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден дека неговата земја ќе преземе одмазднички акции против потенцијалните хакерски напади од руска страна со цел манипулација на изборите за американски претседател, соопштува РИА Новости.

- Па, од нашите американски пријатели може да се очекува сѐ што им одговара. А ние зар не знаеме дека официјалните органи на САД ги шпионираат и прислушуваат сите? Тоа веќе на сите им е добро познато, тоа не е никаква тајна и докази има доволно, за него се трошат милијарди долари - ЦИА (Централно разузнавачка агенција на САД) работи, НСА (Агенција за национална безбедност на САД) работи, други служби, изјави рускиот претседател пред новинарите.

Според зборовите на Путин американската страна ги следи не само своите противници, но и најблиските сојузници. „Па што е ново тука? Ништо. Единствената новина е дека за првпат на високо ниво САД признаваат: прво - што се занимаваат со тоа, и второ - во одреден степен се закануваат, што, се разбира, не одговара на нормите за меѓународни пораки“, додаде претседателот.


Слично

Поврзани вести