Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин: Ако ја нема Русија ќе го уништиме светот

Путин: Ако ја нема Русија ќе го уништиме светот

Рускиот претседател Владимир Путин уште еднаш ги зацрта новите силни позиции на руската држава која стапува на светската геополитичка сцена како нов моќен нуклеарен хегемон кој нема да трпи никакви закани по својата безбедност.

Путин сосема јасно во очи на претседателските избори посочи дека ако било која сила и се заканува на Русија со нуклеарно оружје ќе доживее катастрофални последици. Путин најдиректно истакна дека ако светот остане без Русија, тогаш и светот ќе го нема.

Оваа реторика доаѓа откако во САД владее огромен хаос во Белата куќа, а дел од разузнавачите и дипломатите, како и федералните истражни органи активно работат за да докажат дека Трамп добил голема помош од руската држава за да победи на изборите.

Тоа Путин сега максимално го користи за да ја претстави Русија како играч кој повеќе не смее да се игнорира на меѓународната геополитичка мапа и дека мора да биде прашана за клучни проблеми како тие во Сирија или Северна Кореја.

Слично

Поврзани вести