Путин: Aко Европа сака да војува со нас, ние сме спремни за тоа
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека не сака војна со Европа, но е спремен за неа ако таа сака да се бори против Русија. Тој зборувапе неколку часа пред средбата со американскиот специјален пратеник Стив Виткоф, со кого ќе разговара за американскиот план за крај на војната во Украина.
Овој план првично се состоеше од 28 точки, но по критиките од Киев и од европските земји дека ја фаворизира Русија и ѝ дава премногу отстапки, беше ревидиран и намален на американско-украинските разговори во Женева. Путин кажа дека европските предлози за крај на војната се неприфатливи за Русија.
„Нема да се бориме со Европа, стопати го имам кажано тоа. Но, ако Европа сака да војува со нас, ние сме спремни за тоа во овој момент“, рече Путин.
Според рускиот претседател, Европејците немаат мирна агенда.Русија објави дека го зазела украинскиот град Покровск.
foto Kremlin
