Пуштете ги да влезат и дајте им да заработат
"Исламска држава" (ИД) не ја крие својата бруталност, пишува во својата анализа списанието Econcomist.
Кога согорува живи луѓе или им ги набива главите на стапови, таа ги закачува видеоснимките на интернет. Кога нејзините борци поробуваат и силуваат девојки од други религии, тие се силат со тоа дека ја извршуваат волјата на Алах. Затоа, кога бегалците од окупираните од територии во Сирија или Ирак под нивна власт велат дека се плашат да се вратат дома, многу е веројатно тие да ја зборуваат вистината, забележува весникот.
Европската унија е една од најбогатите, најпросперитетните области на светот и нејзините жители сакаат да мислат дека тие ги поставуваат стандардите за сострадателност. Сите земји од ЕУ се согласуваат дека имаат законска обврска да им даваат засолниште на оние кои имаат оправдан страв од прогон. Сепак сегашниот прилив на луѓе кои бараат азил, благо речено, ја подложува на тест преданоста на Европа кон нејзините идеали.
Неонацистичките бандити во Германија ги палат засолништа на кандидатите за азил. Една антиимигрантските група во моментов е најпопуларната политичка партија во Шведска. "Унгарскиот премиер, правејки се домашен Доналд Трамп, предупредува дека илегалните мигранти, особено од Африка, се закануваат по опстанокот на земјата", пишува уште Economist.
Перспективата веќе е разјаснета делумно, покажува анализата. Околу 270 илјади бегалци стигнаа во Европа по море досега оваа година. Тоа е повеќе отколку што пристигнале во целата 2014 година, но се уште само еден човек бара азил на секој 1900 европјани. И многу од овие луѓе ќе бидат одбиени.
Кон многу посиромашни делови на светот има многу поголем прилив. Минијатурниот Либан прифатил 1,1 милиони Сиријци - околу една четвртина од сопственото население. Турција примила 1,7 милиони Танзанијанци - земја во која просечната плата е една педесетина од онаа во ЕУ - е засолниште десетици години на стотици илјади бегалци од Конго и Бурунди, без многу да се жали.
Кога сепак европски држави како Грција и Италија, каде што прво пристигнуваат арапските и африканските бегалци побараа помош за да ги згрижат, останатите членови на ЕУ со огромна неволност се согласија да прифатат ништожно малиот број од 32 256 лица во период од 2 години.
Да заработуваш, како што правиш добро
Европа може и мора да направи повеќе, инсистира списанието Economist. "Не само од морални причини, туку и поради сопствените интереси. Европската работна сила старее и наскоро ќе започне и да се намалува. Владите натрупуваат огромни долгови, кои планираат да отпаднат врз идните генерации ", пишува весникот.
А ситуацијата ќе биде уште потешка, ако идните генерации се малубројни. Имигрантите, вклучувајќи ги и кандидатите за азил, обично се млади и со желба да работат. Така што тие можат да помогнат за ублажување на овој проблем, со тоа што ќе се грижат за старите луѓе и ќе преземат дел од долговите, во чија акумулација не учествувале. Африканците и Арапите се млади.
Европа може да "позајми" дел од нивната виталност, но само ако европските влади ги третираат сите видови миграција поразумно. Ова ќе биде политички тешко и ќе бара и реформа на работните пазари.
Изборот на кандидатите за азил треба да биде строг. Во Сирија е затрупан пекол, но во Албанија не е. Изборот сепак треба да биде исто експедитивен и великодушен.
Луѓе кои преминуваат пустини и бурни мориња, за да стигнат до Европа, е малку веројатно да се покажат како кршкачи, кога ќе дојдат тука. Напротив, студиите покажуваат дека имигрантите во светот често имаат тенденција да почнат бизнис отколку локалните луѓе, дека е помалку веројатно да вршат сериозни злосторства и дека нето придонесот кон државната каса е позитивен.
Стравувањата дека бегалците ќе им ги украдат работните места или ќе ги повлечат надолу плаќањата на локалните луѓе, исто така, се неосновани.
Бидејќи тие носат нови, различни вештини, идеи и врски, трендот е што поскоро да ги кренат платите како целина и на локалните жители, иако е можно да ги намалат малку кај неквалификуваните локални луѓе. А за самите мигранти добивката е огромна. Преместени во Европа, со нејзините предвидливи закони и ефикасни компании, тие можат да бидат неколку пати поефикасни и соодветно да го зголемуваат и својот надоместок.
Можно е спектиците да кажат дека културното влијание на миграцијата длабоко дестабилизира и дека Европа ниту сака, ниту е во состојба да апсорбира голем наплив однадвор. Европјаните се стаписани кога ќе видат толпи неасимилирани, невработени имигранти, како во некои делови на Париз и Малме.
И се плашат од исламскиот тероризам, особено по масовното убиство во "Шарли ебдо" и по разоружување на Мароканец, кој извадил огнено оружје во француски воз минатата недела.
Не сите кои доживуваат таков страв, се ксенофобични. Неспорно е дека следењето над џихадистичките групи треба да биде засилено. Одговорот на вкупното прашање - Како Европа може подобро да ги асимилира мигрантите? - Сепак може да биде сумиран во три зборови: дајте им работа. Оваа формула дава добри резултати во Лондон, Њујорк и Ванкувер. Работните места ги штитат младите од опасно однесување.
На работните места мигрантите комуницираат со локалните жители и ги асимилираат нивните навики, и обратно. Политиките кои ги оставаат новодојденците без работа, се погубни. Таков е резултатот од британските ограничувања за кандидатите за азил, како и од шведско трудово законодавство, што го прави вработувањето на неквалификувани работници неповолно.
Поотворена Европа со повеќе флексибилни пазари на труд може да ја претвори бегалската криза во можност, како што направи Америка со серијата од бегалски бранови во дваесеттиот век, многу од нив од Европа. Пуштете ги да влезат и дајте им да заработат.
Обработка: К.К.
Извор: Econcomist
