Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пушењето се казнува со смрт во Исламската држава

Пушењето се казнува со смрт во Исламската држава

Исламската држава објави листа на злосторства и казни, каде се детално наведени со кои брутални казни – ампутација, каменување или камшикување ќе се казнуваат прекршителите. Листата го потврдува владеењето на шеријатскиот закон на териториите на Сирија и Ирак, со коу управува Исламската држава.

Документот е објавен непосредно откако исламистите извршија повеќе насилни погубувања, и тоа прво до смрт каменуваа прељубничка, потоа распнаа 17 лица, фрлија двајца мажи од зграда зашто се хомосексуалци, а на крај објавија фотографија од погубувaње на осум ирачки полицајци под обвинение дека откриле информации на ирачката војска. Според шеријатскиот закон пушење цигара се казнува со смрт. Листата на злосторствата и казните изгледа вака: Ерес против Алах – Смрт Ерес против пророкот Мухамед – Смрт дури и во случај обвинениот да се покае Ерес против ислам – Смрт Прељуба – Каменување до смрт ако прељубниците се во брак, а 100 удари со камшик и прогон за оние кои не се во брак Содомија (хомосексуализам) – Смрт за сите кои учествуваат во чинот Кражба – Отсекување на рака Конзумирање алкохол – 80 удари со камшик Озборување - 80 удари со камшик Шпиунирање за неверниците – Смрт Откажување од верата – Смрт Разбојништво: 1. Убиство и кражба – Смрт и распнување 2. Само убиство – Смрт 3. Само кражба (за време на разбојништво) – Отсекување на десната рака и левата нога 4. Тероризирање на луѓе – Прогон Овие казни веќе некое време се проширени меѓу членовите на Исламската дрѝава и се спроведуваат над сите кои ќе ги прекршат правилата.
Слично

Поврзани вести